Аналитички обработените податоци при постоење на море од податоци, се најважниот ресурс во современиот деловен свет. Конкурентската предност и деловната успешност денес зависат од аналитичките податоци и брзината на нивната обработка. Затоа ние се посветивме на оние податоци кои вообичаено се лесно достапни, но во праксата нивната обработка не секогаш е соодветна и насочена кон бизнис целите. Од тука, за Вас ги креиравме нашите услуги во следните категории и тоа:

izvestai za ceni

1. База на податоци

Колку често сте се нашле во ситуација да незнаете како да постапите при одредена постапка за јавна набавка ? 

Ние сме посветени на анализа и обработка на податоците од правната заштита во процесот на јавни набавки  и Ви ги даваме лесно достапни овие податоци за да бидете сигурни во Вашето правилно постапување. Овие податоци ќе Ви дадат максимална сигурност и издржаност на Вашето постапување во постапките за јавни набавки и превенирање на потенцијални пропусти без оглед дали сте од страната на економските оператори или пак договорните органи.

rayi-christian-wicaksono-366-unsplash

2. Онлајн алатки

Економските оператори во процесот на јавни набавки сега имаат одлична можност за проверка на сопственото постапување во процесот на јавните набавки. Проверете ја Вашата понуда пред да ја поднесете, проверете го жалбениот основ и исто или слично дејствие кое е евидентирано во нашата база. Креирајте жалба за само неколку минути по веќе претходно извршените проверки.

artem-sapegin-180146-unsplash

3.Мејл нотификации

Сакате во секој момент да бидете во тек по однос на пропустите на договорните органи и економските оператори во процесот на јавни набавки?

Не грижете се. Добивајте известување за секоја настаната промена во процесот на правна заштита за јавни набавки во форма и содржина веќе обработена за Ваше брзо и лесно согледување и практична примена од аспект на превенирање на потенцијални пропусти и грешки во овој процес.