Успешно спроведена тридневна обука ! (13-15 декември 2019)

Успешно спроведена тридневна обука ! (13-15 декември 2019)

Во периодот од 13 до 15 декември 2019 година во хотел “Милениум Палас”- Охрид, успешно се одржа тридневна практична обука организирана од страна на Смарт Консалтинг Солушнс.

На обуката детално се обработија основите за спроведувањето на функционална анализа, практична употреба на информациониот систем за управување со човечки ресурси, како и постапките за пополнување на работни места во јавниот сектор со фокус на компарација помеѓу моменталните законски решенија и новите нацрт измени од законот за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници.

Учество земаа вработените од јавниот сектор, односно засегнатите лица во оваа проблематика, претставници на Општини, Здравствени, Образовни и останати јавни институции и претпријатија, ширум државата.

Се надеваме на уште многу реализирани обуки, а на учесниците им благодариме на интересот, посветеното време и активно учество.

Leave a Reply