Тридневна практична обука за вработените од јавниот сектор – 13-15 декември 2019

Тридневна практична обука за вработените од јавниот сектор – 13-15 декември 2019

Смарт Консалтинг Солушнс – Скопје,
Ве поканува на тридневна обука за вработените во јавниот сектор на следниве теми:
1. “Спроведување на функционална анализа како алатка за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор“.

2. “Практична употреба на информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР”;

3. “Постапки за пополнување на работни места во јавниот сектор: компарација на моменталните законски решенија со новите нацрт измени од законот за вработени од јавен сектор и законот за административни службеници”.

Датум на одржување: 13, 14 и 15 декември 2019г. 
Локација: Хотел Милениум Палас 4* Охрид
Агендата можете да ја погледнете на следниов линк: https://bit.ly/2XwqD36

Пријавувањето го правите со пополнување на пријавен лист и испраќање на истиот на: scs.consalting@gmail.com, најдоцна до 05 декември.
Пријавниот лист можете да го превземете на следниот линк: https://bit.ly/32Xc9dB

*Предвидена котизација за едно лице изнесува 6.000 денари (без ддв)
За второ пријавено лице од иста институција се пресметува 20% попуст на износот на котизацијата, за трето пријавено лице 20% попуст.

Информации за хотелско сместување: еднокреветна соба на база полн пансион за една ноќ: – 2.745,00 денари (вкупно за две ноќи: 5.490,00 денари); двокреветна соба на база полн пансион за една ноќ: – 2.135,00 денари (вкупно за две ноќи: 4.270,00 денари).

Напомена: котизацијата се плаќа на организаторот, а организациските трошоци (хотелско сместување на база две ноќевања со полн пансион) се плаќаат директно во хотелот. Фактурата за организациските трошоци ја подигнувате од рецепцијата на хотелот.

Контакт телефон +389 (0) 71/ 916 – 732

Ненад Николовски

Leave a Reply