Завршна обука за тековната година на тема „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“

Завршна обука за тековната година на тема „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“

Завршна обука за тековната година на тема „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“

Почитувани,

Друштвото за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС ДОО Скопје, ја завршува својата едукативна програма од областа на јавните набавки за тековната 2022 година, со исклучително интересна и значајна еднодневна обука на тема „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“. Обуката е планирано да се одржи на 20 декември 2022 година (вторник) во конференциската сала на Порта Македонија Скопје.  

Конференциска сала Порта Македонија Скопје

Ревидирањето на постапувањето во праксата на јавните набавки, во годината која изминува, беше наш основен мотив за избор на темата на оваа обука, а практичните искуства на предавачот Анета Стевковска (член на Државната комисија за жалби по јавни набавки) сметаме дека ќе бидат од особено значење како за претставниците на договорни органи, така и за претставниците на економските оператори.

Темата „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“ претставува годишен сублимат на теоретските наспроти практичните искуство кои произлегуваат од процесот на правна заштита при доделувањето на договорите за јавни набавки за 2022 година. Од друга страна, преку оваа обука ќе стекнете соодветни знаења и вештини кои ќе Ви бидат “ Ваш водич“ при постапување, одлучување и менаџирање со јавните набавки во претстојната 2023-та година.

Погледнете ја АГЕНДАТА на обуката и најдоцна до 16.12.2022 година пријавете го вашето присуство со пополнување на Пријавен лист и испраќање на следната мејл адреса dimitrievska@scs-consalting.com .

Котизацијата за учество за едно лице е 4.900 денари без ДДВ, а за повеќе информаци обратете се на моб. 071/ 916-732.

Не го пропуштајте овој настан, бидејќи „Најчестите тендерски пропусти во 2022 година“ е единствена можност за стекнување со релевантни информации, знаења и вештини од областа на јавните набавки, кои се неопходни за Ваше стручно и професионално усовршување.

Ненад Николовски

Leave a Reply