Обуки за човечки ресурси

Постојаното учење и напредување е од суштинско значење за успехот на секоја организација. Обуките и развојот на вработените помагаат во обликување на вработените според потребите на организациите на начин што преку нив се зголемува иновативноста, креативноста, ефикасноста, продуктивноста во работата, а со тоа се подобрува и успешноста на целата организација. 

При креирање на содржините на обуките, секогаш се водиме од идентификуваните потреби за стручно усовршување кај вработените од јавниот и приватниот сектор. Настојуваме да понудиме висококвалитетни обуки, кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти и ќе го подржат нивниот концепт на доживотно учење. Фокусирајќи се од потребата за меѓусебно информирање, вмрежување и споделување на искуства, обуките се реализираат преку интерактивен пристап и дискусија за сите реални проблеми и потешкотии со кои се соочуваат вработените во праксата, се со цел нивно анализирање и предлог на конкретни насоки и решенија за истите. 

Кои теми ги опфаќаме ?

Доколку сте заинтересирани за нашите обуки на горенаведените теми или имате индивидуална/организациска потреба за стручно усовршување на тема која е од Ваш интерес, контактирајте не на нашата официјална e-маил адреса support@scs-consalting.com и ние ќе се потрудиме да излеземе во пресрет и да ги задоволиме Вашите потреби.

Реализирани обуки