слика за веб

Нашите онлајн алатки се наменети за креирање на организациска структура и опис на работни места, согласно потребите на клиентот. Преку едноставни чекори можете да создадете документ кој ќе ги содржи сите основни и детални податоци за Вашата компанија, како и лесно да ги дефинирате потребните задачи и одговорности за секое работно место.

rayi-christian-wicaksono-366-unsplash

За потребите на вашиот бизнис Ви нудиме онлајн форми на евалуации чија цел е увид во реалната состојба во моменталната перформанса на човечките ресурси, односно силните и евентуалните слаби страни како и можноста за нивно унапредување.  Со помош на 360 степени фидбек, добивате можност за меѓусебна проверка на перформансите во работењето помеѓу членовите на еден тим и тоа од различни хиерархиски нивоа.

artem-sapegin-180146-unsplash

Со нашиот прашалник за мерење на општото задоволство и прашалник за задржување, Ви овозможуваме да добиете значајни информации за тоа колку Вашите вработени се посветени и мотивирани при извршувањето на работните задачи. Од клучна важност е  перцепција на вработените за работната средина, бидејќи организациската клима има огромно влијание врз нивната продуктивност.