Што е In- house обука ?

In-house learning претставува еден од најефикасните методи на внатрешна организациска едукација кој e насочен кон задоволување на потребите на вработените од нивно континуирано усовршување и подобрување на нивните знаења и перформанси ! Овој метод на обука има практична примена во институции и компании кои се грижат за своите вработени, а специјалистичките знаења и искуства ги добиваат од искусни и докажани професионалци во областа. ​

Кои се предностите ?

Сите вработени кои се директно или индиректно поврзани со извршување на работи и работни задачи од областа на човечки ресурси, можат да бидат дел од овој вид на обуки.

Комфорноста на работната средина, колегите со кои работите и средствата кои ги употребувате при работењето ќе Ви бидат континуирано достапни и на располагање за да ја зголемите продуктивноста и резултатите од обуката.

За разлика од класичните обуки или советувања, со оваа обука немате никакви транспортни трошоци, трошоци за сместување, ниту пак поединечна котизација за слушателите. Ова ја прави исклучително ефикасна оваа обука од аспект на односот помеѓу цената и придобивките од истата.

Непосреден контакт и можност за непосредна интеракција со предавачот (обучувачот) за сите Ваши прашања и комантари.

Исклучителна можност во рамките на Вашата компанија/институција да ги посочите сите практични проблеми со кои се соочувате, како и да добиете стручно мислење и совет за што е можно поефикасно надминување на истите.

Кои теми ги опфаќаме ?

Видови обуки ?

Времетраење од 2 работни сесии по 45 минути !

Времетраење од 5 работни сесии по 45 минути !

Времетраење од 8 работни сесии по 45 минути !