еВАЛУАЦИИ И МЕРЕЊА

За потребите на вашиот бизнис Ви нудиме онлајн форми на евалуации чија цел е увид во реалната состојба на човечките ресурси, односно нивниот квалитет и капацитет, силните и евентуалните слаби страни како и можноста за нивно подобрување и унапредување.

ГОДИШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕН

 

Евалуацијата е насочена кон врабoтените со кои оценувачот раководи и истата секогаш е проследена со можност за дефинирање на евентуални мерки за подобрување на перформансите на вработените, како и одредување на целите кои треба да бидат достигнати во наредниот период.

Самоевалуацијата му овозможува на вработениот периодична проверка на сопственото извршување на работните задачи, односно самопроверка на нивото на квалитет, стручност и експедитивност во обавувањето на истите.

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

 

ОЦЕНУВАЊЕ 360 СТЕПЕНИ ФИДБЕК

 

Порцесот на евалуација на перформансите со помош на 360 степени фидбек нуди можност за меѓусебна проверка на перформансите во работењето помеѓу членовите на еден тим и тоа од различни хиерархиски нивоа, а истовремено нуди и можност за самоевалуација.