Еднодневна обука на тема „Измена на договори за јавни набавки во услови на променливи пазарни цени“

Еднодневна обука на тема „Измена на договори за јавни набавки во услови на променливи пазарни цени“

Еднодневна обука на тема „Измена на договори за јавни набавки во услови на променливи пазарни цени“

Во организација на Друштвото за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС ДОО Скопје на 10.11.2022 година, ќе се одржи еднодневна обука за јавни набавки на тема „Измена на договори за јавни набавки во услови на променливи пазарни цени“, во конгресната сала на Порта Македонија – Скопје.

Порта Македонија Скопје

Поаѓајќи од актуелните случувања во тековната 2022 година, каде договорните органи и економските оператори се соочија со голем број на предизвици како измена на законот за минимална плата, исклучително динамични цени на електричната енергија, нафтените деривати, прехранбените стоки и слично, Друштвото за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС ДОО Скопје по трети пат организира обука на оваа актуелна тема.

Обуката Ви овозможува стекнување на знаења и вештини за надминување на сериозните предизвици во менаџирањето со јавните набавки во услови на променливи пазарни цени со кои секојдневно се соочуваме. На обуката ќе дискутираме за моменталните состојби и ќе понудиме конкретни решенија кои се применливи во праксата.

Погледнете ја деталната АГЕНДА за настанот.

Котизацијата за учество за едно лице изнесува 4.900 денари без ДДВ. Пријавувањето го правите со пополнување на ПРИЈАВЕН ЛИСТ и испраќање на истиот најдоцна до 07.11.2022 година на мејл адресата dimitrievska@scs-consalting.com.

Ненад Николовски

Leave a Reply