Што претставува Е-учење ?
Е- учење или електронско учење е современ начин на пренесување на знаење и вештини по електронски пат со употреба на софтверски апликации кој овозможува 24/7 достапност за употреба од страна на голем број на корисници. Нашата платформа за Е-учење на јавните набавки е уникатна консалтинг услуга што им овозможува на нашите корисници на брз и едноставен начин да се стекнат со потребните знаења од областа на јавните набавки, поточно да ги стекнат теоретските знаења од Законот за јавни набавки (Службен весник на РСМ бр.24/19). Оваа платформа содржи 13 МОДУЛИ кои вклучуваат обработени јавно достапни 496 прашања и 1.984 можни одговори објавени на веб страната Биро за јавни набавки.
Кои се предностите ?
1. Достапност 24/7
Без оглед на тоа кога ќе бидете подготвени за употреба на платформата , имате можност 24/7 да се стекнувате со потребното знаење со употреба на оваа платформа за изучување на законот за јавни набавки.
2. Едноставни за употреба и учење
Единствено што Ви е потребно за да го стекнете знаењето преку оваа платформа е корисничко име и лозинка за пристап до електронската платформа. Употребата е едноставна преку одговарање на прашања со веќе зададени одговори, на принципот 1 точен одговор од можни 4 одговори по прашање.
3. Немате потреба од дополнителна консалтинг поддршка
Целта на оваа платформа е да Ви овозможи самостојно да се стекнете со потребното знаење од областа на јавните набавки без користење на дополнителна консалтинг поддршка.
4.Нема ограничување на време на користење
Времето на користење на секој модул не е ограничено, но просечното потребно време за користење на секој модул е од 20 до 30 минути. Вкупното време кое ќе Ви биде потребно за да ги завршите сите модули е од 4 до 5 часа.
5. Решение за Вашата професионалност
Кои лица можат да бидат корисници?
Договорни органи
- Лица на управувачки и раководни позиции поврзани со јавните набавки
- Стручни лица за јавни набавки
- Раководни лица на организациски облик за јавни набавки
- Членови на комисии за јавни набавки
- Одговорни лица за превземање на финансиски обврски
- Одговорни лица за плаќање
- други заинтересирани лица
Економски оператори
- Лица одговорни за поднесување на понуди
- Одговорни лица на приватни правни субјекти
- Лица од областа на финансии и набавки
- други заинтересирани лица
Автоматизирани мејл извештаи од употребата
За да го проверите Вашето знаење преку автоматизираниот мејл Извештај дознавате за постигнатиот резултатот од Вашата употреба на секој модул и можете да го мерите Вашето знаење.
13 модули за Е-учење
- Mодул 1
- Модул 2
- Модул 3
- Модул 4
- Модул 5
- Модул 6
- 1. Правен статус и надлежности на Биро за јавни набавки
- 2. Видови договори за јавни набавки
- 3. Начела за јавни набавки
- 4. Терминологија на законот за јавни набавки
- 5. Мерки за спречивање на корупција и судир на интереси
- 6. Започнување на постапка за јавна набавка
- 1. Видови постапки за доделување на договори за јавни набавки
- 2. Конкурентна постапка со преговарање, партнерство за иновации
- 3. Отворена постапка
- 4. Ограничена постапка
- 5. Конкурентен дијалог
- 6. Постапка со преговарање со претходно објавување на оглас
- 7. Постапка со преговарање без претходно објавување на оглас
- 8. Мала јавна набавка
- 9. Поедноставена отворена постапка
- 10. Конкурс за избор на идејно решение
- 1. Доделување на договор за јавна набавка
- 2. Понуди и алтернативни понуди
- 3. Јавно отварање на понуди
- 4. Евалуација на понудите
- 5. Извештај од спроведената постапка
- 1. Критериуми за утврдување на способност
- 2. Лична состојба на економскиот оператор
- 3. Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор
- 4. Економска и финансиска состојба на економскиот оператор
- 5. Техничка или професионална способност
- 6. Стандарди за системи за квалитет
- 7. Стандарди за управување со животната средина
- 1. Критериуми за доделување на договор за јавна набавка
- 2. Доделување на договорот за јавна набавка
- 3. Известување на кандидатите или понудувачите
- 4. Поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
- 5. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
- 1. Заеднички одредби за постапките
- 2. Општи правила
- 3. Проценување на вредноста на договорот за јавна набавки
- 4. Одлука за јавна набавка
- Модул 7
- Модул 8
- Модул 9
- Модул 10
- Модул 11
- Модул 12
- Модул 13
- 1. Правила за изработка на тендерската документација
- 2. Учество во постапката за доделување на договор за јавна набавка
- 3. Гаранции
- 1. Начин на објавување
- 2. Објавување на огласите и известувањате
- 3. Известување за склучен договор
- 4. Начин на комуникација
- 5. Судир на интереси
- 1. Општи одредби
- 2. Предмет на уредување
- 3. Дефиниции и договорни органи
- 4. Примена и исклучоци
- 1. Посебни начини за доделување на договор за јавнa набавкa
- 2. Рамковна спогодба
- 3. Електронска аукција
- 4. Правна заштита
- 1. Кој има право на правна заштита
- 2. Рокови во правната заштита
- 3. Правна заштита по видови на постапки
- 4. Битни повреди на законот за јавни набавки
- 5. Прекршочни одредби
- 1. Секторски договори
- 2. Начинот на користење на ЕСЈН
- 3. Годишни планови на ЕСЈН
- 4. Документи на ЕСЈН
- 5. Начин на спроведување на е-аукција
- 6. Досие и архивирање на постапка на ЕСЈН
- 1. Достапност на ЕСЈН
- 2. Деловна тајна или за класифицирана информација
- 3. Почетната цена на електронската аукција
- 4. Започнување на електронската аукција на ЕСЈН
- 5. Потпишување со валиден дигитален сертификат
- 6. Локалниот администратор на ЕСЈН
Нарачај услуга за Е-учење
Напомена :
Електронската платформа за јавни набавки е дело на Друштвото за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје и претставува наменски дизајнирана консалтинг услуга на сопствен веб простор на Друштвото. Оваа услуга е наменета за индивидуални корисници (вработени во договорни органи и економски оператори) кои имаат потреба од едукација и проверка на знаење од областа на јавните набавки и одредбите од Законот за јавни набавки. Употребата на оваа платформа е исклучиво наменета за корисници -претплатници за период од една година, кои индивидуално поседуваат пристап до истата преку корисничко име и лозинка.