Консалтинг услуги за јавен сектор

1. Спроведување на функционална анализа

За институциите од јавниот сектор нудиме консалтинг поддршка при спроведување на функционална анализа. Преку оваа корисна алатка се идентификуваат главните прашања поврзани со постојната организациска структура и функционирањето на секоја деловна единица. По спроведената анализа произлегуваат конкретни мерки со кои се подобрува целокупната институционална ефикасност. Главната цел при спроведување на Функционалната анализа е дефинирање на основните функции кои ги врши институцијата што ќе даде јасна слика за тоа колку самата институција е подготвена   да спроведе одредени подобрувања кои ќе придонесат кон подобро вршење на нејзините основни функции.

2. Подготовка на Акти за внатрешна организација и систематизација

Подготвувањето на Актите за внатрешна организација и систематизација за инсистутциите од јавниот сектор не секогаш е едноставна и лесна задача. Ние ја нудиме нашата професионална и стручна помош изразена преку искуството на нашиот тим. Крајната цел на оваа услуга е корисниците (инситуциите од јавниот сектор) да добијат Акти за внатрешна организација и систематизација на работните места изработени согласно одредбите од Законот за вработени во јавниот сектор како и Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, кaкo и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор, а истовремено во функција и прилагодени на потребите на самата инситуција.

3. Подготовка на годишни планови за вработување

Подготовката на годишни планови за вработување, согласно идентификуваните потреби за доекипирање, претставува законска обврска на секоја институција од јавниот сектор. Услугата се однесува на подготовка на плановите согласно законскиот основ кој ја пропишува формата и содржината, како и консалтинг поддршка со цел избегнување на најчестите пропусти при пополнувањето на годишниот план за вработување, изменување и дополнување на планот согласно потребите и подготовка на извештај за реализација на годишниот план за вработување во институцијата.

4. Поддршка при работа во Информациониот систем за управување со човечки ресурси

Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) претставува задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација. Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор. Нашата услуга се однесува на поддршка при внесување на правилникот за внатрешна организација и правилникот за систематизација, внесување на вработените и нивните податоци во системот, како и континуирана поддршка при потребни измени во системот и надминување на проблемите со кои се соочуваат вработените при користењето на системот  во секојдневното работење.

Консалтинг услуги за приватен сектор

1. Консалтинг поддршка во областа на работните односи

Во областа на работните односи, Ви нудиме стручна помош и поддршка при изработка на:

⦁ договори за вработување и заштитни механизми;
⦁ утврдување на висина на плата и надоместоци;
⦁ чување и архивирање на кадровска евиденцијa;
⦁ одлуки за дисциплински постапки,предупредување и откажување на договор за вработување;
⦁ право на платено, неплатено, породилно отсуство и мирување на работен однос;
⦁ преговарањето за склучување на колективни договори.