Обуки за јавни набавки

Постојаното учење и напредување е од суштинско значење за успехот на секоја организација. Обуките и развојот на вработените помагаат во обликување на вработените според потребите на организациите на начин што преку нив се зголемува иновативноста, креативноста, ефикасноста, продуктивноста во работата, а со тоа се подобрува и успешноста на целата организација.

При креирање на содржините на обуките, секогаш се водиме од идентификуваните потреби за стручно усовршување кај вработените од јавниот и приватниот сектор. Настојуваме да понудиме висококвалитетни обуки, кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти и ќе го подржат нивниот концепт на доживотно учење. Фокусирајќи се од потребата за меѓусебно информирање, вмрежување и споделување на искуства, обуките се реализираат преку интерактивен пристап и дискусија за сите реални проблеми и потешкотии со кои се соочуваат вработените во праксата, се со цел нивно анализирање и предлог на конкретни насоки и решенија за истите.

ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

  • Обука за изработка на годишни планови за јавни набавки и проверки на пазарот
  • Обука за изработка на одлуки за јавни набавки, тендерски документации и огласи за јавни набавки
  • Обука за евалуација на понуди и употреба на електронскиот систем за јавни набавки
  • Обука за процесот на правна заштита

ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

  • Обука за проверки и начин на толкување на барањата од тендерските документации
  • Обука за практична употреба на електронскиот систем за јавни набавки, подготвување и поднесување на понуди
  • Обука за процесот на правна заштита

КОНТАКТ

Доколку сте заинтересирани за нашите обуки на горенаведените теми или имате индивидуална/организациска потреба за стручно усовршување на тема која е од Ваш интерес, контактирајте не на нашата официјална e-маил адреса scs.consalting@gmail.com  и ние ќе се потрудиме да излеземе во пресрет и да ги задоволиме Вашите потреби.