Smart HR Solutions
HR аутсорсинг поддршка
"Great vision without great people is irrelevant." - Jim Collins
Наши услуги
Погледнете го нашето портфолио
Бизнис модел
Организациите кои се стремат да функционираат успешно во глобалниот свет, се свесни дека веројатноста за одржлив успех зависи од нивната способност да привлечат и развијат таленти, а уште поважно е да се најде начин како тие да се задржат во организацијата и да се идентификуваат со поставените цели. Повеќе од јасно е дека управувањето со човечки ресурси во современи услови претставува една од најзначајните но и најкомплексни функции во организацијата. Нашата цел е да Ви понудиме квалитетни и лесно достапни решенија во доменот на HR, кои ќе одговорат на Вашите потреби и ќе Ви овозможат значајни заштеди во време и трошоци. Нашите услуги Ви се достапни преку: поединечна
ad hoc услуга, или создавање на континуирано партнерство.

Поединечна услуга -
регрутација и селекција
Како одговор на Вашите моментални потреби, Ви нудиме можност за поединечна ad hoc услуга. Ви стоиме на располагање во оној момент кога сте донеле одлука за проширување на Вашиот тим. Нашата цел е пронаоѓање на најсоодветниот кандидат кој одговара на барањата на конкретното работно место во Вашата организација.
Партнерство
Ви препорачуваме услуга на континуирано партнерство,
бидејќи долгорочната соработка ни дава можност подобро да ја запознаеме Вашата организација и да Ви обезбедиме што поголема вредност. Како Ваш HR бизнис партнер, нашите услуги Ви се континуирано достапни и истите се персонализирани на Вашите специфични организациски потреби и организациска култура.
