ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

на врвни професионалци во јавните набавки
Ненад Николовски

Долгогодишното следење на праксата во областа на  јавните набавки, како и промената на регулативата од оваа област допринесе да се појави потреба од стручен и професионален пристап  во едукацијата за јавните набавки. Затоа сметам дека оваа Професионална тренинг програма за јавни набавки е потребна за сите оние кои имаат желба да својата професионална кариера ја градат во оваа област.

д-р Ненад Николовски

Консултант за јавни набавки - СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Анета Стевковска

Основните мотиви за моето вклучување во Професионалната третнинг програма за јавни набавки е желбата да се споделат специфичните искуства од праксата на еден договорен орган како што е Генералниот секретаријат. Впрочем, секојдневните професионални предизвици и нивните специфичности даваат можност за едно широко поле на професионална надоградба и усовршување за учесниците, кое нешто е голем мотив за мене како обучувач. 

Анета Стевковска

Раководител на сектор за јавни набавки - Генерален секретаријат при Влада на Република Северна Македонија

Љубица Гудеска

Уникатниот и сеопфатен пристап на Професионалната тренинг програма за јавни набавки е голем предизвик за мене како лиценциран обучувач за јавни набавки во Бирото за јавни набавки. Можноста да се споделат искуствата и наметнат повисоки стандарди во оваа област се токму еден од моите основни  професионални предизвици. Знаењето секогаш е поврзано со праксата, а праксата произлегува од правната рамка која континуирано еволуира.

Љубица Гудеска

Началник на одделение за јавни набавки - Министерство за внатрешни работи

ПРЕДВИДЕНИ МОДУЛИ

- МЕНАЏМЕНТ СО ЈАВНИ НАБАВКИ -

НАСЛОВ : Вовед во законот за јавни набавки  

Тематски единици :

  • Општи согледувања на одредби од законот
  • Начела на ЗЈН и видови на постапки
  • Вредносни прагови на постапките и исклучоците
  • Видови на огласи и известувања преку ЕСЈН
  • Критериум за избор – економски најповолна понуда
  • Управна контрола во постапките за јавни набавки

 

Фонд на часови = (2 училишни часа)

НАСЛОВ: Одговорности и надлежности на лицата вклучени во процесот на јавни набавки  

  • Улогата на членови на комисија за јавни набавки
  • Улогата на стручната служба за јавни набавки
  • Улогата на одговорното лице на правно лице /договорен орган
  • Улогата на одговорно лице на правно лице / економски оператор

 

Фонд на часови = (2 училишни часа)

НАСЛОВ: Планирање на учеството / потребата од спроведување на постапки за јавни набавки

  • Планирање на потребата од набавка
  • Проценување на вредноста на набавката
  • Објавување на годишен план на ЕСЈН
  • Подготовка на годишна стратегија за учество на постапки за јавни набавки
  • Следење на реализација на годишна стратегија за учество на постапки за јавни набавки

                                                                               

                                                                          Фонд на часови = (4 училишни часа)

НАСЛОВ: Управување со процесот на доделување на договори за јавни набавки / рамковни спогодби (договорни органи vs економски оператори)

  • Предмет на набавка, деливост и материјални прописи
  • Критериуми за избор на најповолна понуда
  • Критериуми за утврдување на способност
  • Стандарди за системи за квалитет
  • Стандарди за управување со животна средина
  • Посебни начини на доделување на договори
  • Средства за обезбедување
  • Технички спецификации

 

                                                                        Фонд на часови = (6 училишни часа)

НАСЛОВ : Најчести пропусти во процесот на доделување на договори за јавни набавки

ТЕМАТСКИ ЕДИНИЦИ:

  • Најчести пропусти на договорните органи
  • Најчести пропусти на економските оператори
  • Најчести пропусти по фази од постапката
  • Најчести пропусти во тендерските документации
  • Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите
  • Најчести пропусти во понудите

 

                                                                          Фонд на часови = (6 училишни часа)

НАСЛОВ: Практичен тренинг – креирање /проверка на одлука, оглас, тендерска документација

  • Објавување на оглас и тендерска документација на ЕСЈН
  • Измена на оглас и тендерска документација
  • Одговори на барања за измена на тендерска документација и барања за појаснување
  • Правна заштита по однос на оглас
  • Прашања во процесот на евалуација                                                                                      
  •  
  •                                                                                         Фонд на часови = (6 училишни часа)

НАСЛОВ: Практичен тренинг – Подготовка и поднесување на понуда и евалуација на понуди (економски оператори)

Превземање на објавен оглас и тендерска документација

Утврдување на барањата на договорниот орган

Доставување на барања за измена на тендерска документација и барања за појаснување

Правна заштита по однос на оглас

Одговори на прашања во процесот на евалуација

 

                                                                          Фонд на часови = (4 училишни часа)

НАСЛОВ: Практичен тренинг – Правна заштита 

Можности за изјавување на жалба по јавна набавка 

Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните прописи

Креирање на е-жалба 

Креирање на одговор на жалба по јавна набавка

НАСЛОВ: Практичен тренинг – Мерки за подобрување на перформансите во процесот на јавни набавки

Избор на соодветен вид на постапка за јавна набавка

Избор на соодветен начин на доделување на договор/рамковна спогодба/динамичен систем на купување

Избор на соодветен критериум за избор на најповолна понуда

Избор на соодветен вид на средства за обезбедување

Користење на способност од други 

Групни понуди

МОДУЛ бр.10

НАСЛОВ: Практичен тренинг – СМАРТ УЧЕЊЕ 

Онлајн теоретски тренинг на електронска платформа 

Онлајн практичен тренинг на електронска платформа

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

- СМАРТ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР -

Комплекс НАСТЕЛ Тафталиџе

Адреса : Бул. 8-ми септември бр. 3/2-24

1000 Скопје