Годишни планови и проценување на јавни набавки

Годишни планови и проценување на јавни набавки

Цел на обуката :

Обуката е наменета за претставници на договорните органи, односно за лицата од организациските единици за јавни набавки кои согласно ЗЈН се стручни лица за јавни набавки и кои се задолжени да учествуваат во изработка на Годишните планови за јавни набавки. Исто така, сакаме да ги мотивираме и одговорните лица на договорните органи да земат свое учество на оваа обука со цел да се стекнат со потребните информации за правилно спроведување на процесот на изработка на Годишниот план за јавни набавки.

Очекување од обуката:

  • Да ги утврдат чекорите во процесот на планирање на постапките за доделување на јавни набавки;
  • Да ги превенираат потенцијалните грешки во своето постапување во процесот на планирање
  • Да се насочат кон едно од основните начела на јавните набавки за економично и ефикасно искористување на финансиските средства
  • Да добијат одговори, разменат мислењa и дискутираат за прашања поврзани со секојдневните предизвици со кои се соочуваат во процесот на јавните набавки.

 

Обучувач

  • д-р Ненад Николовски – консултант за јавни набавки (СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје)

АГЕНДА НА ОБУКАТА

Ненад Николовски

Leave a Reply