Обуки за човечки ресурси
Постојаното учење и напредување е од суштинско значење за успехот на секоја организација. Обуките и развојот на вработените помагаат во обликување на вработените според потребите на организациите на начин што преку нив се зголемува иновативноста, креативноста, ефикасноста, продуктивноста во работата, а со тоа се подобрува и успешноста на целата организација.
При креирање на содржините на обуките, секогаш се водиме од идентификуваните потреби за стручно усовршување кај вработените од јавниот и приватниот сектор. Настојуваме да понудиме висококвалитетни обуки, кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти и ќе го подржат нивниот концепт на доживотно учење. Фокусирајќи се од потребата за меѓусебно информирање, вмрежување и споделување на искуства, обуките се реализираат преку интерактивен пристап и дискусија за сите реални проблеми и потешкотии со кои се соочуваат вработените во праксата, се со цел нивно анализирање и предлог на конкретни насоки и решенија за истите.
Кои теми ги опфаќаме ?
- Обука за спроведување на Функционална аналза во јавниот сектор.
- Обука за практична употреба на електронскиот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР.
- Обука за изработка на годишни планови за вработување.
- Обука за селекција, видови вработувања и мобилност во јавен сектор.
- Обука за спроведување на процесот на оценување во јавен сектор.
- Обука за подготовка на Акти за внатрешна организација и систематизација на работни места во јавниот сектор.
- Обука за канцелариско и архивско работење.
- Обука за практично совладување одредбите од Законот за работните односи.
- Обука за практично совладување на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.
Доколку сте заинтересирани за нашите обуки на горенаведените теми или имате индивидуална/организациска потреба за стручно усовршување на тема која е од Ваш интерес, контактирајте не на нашата официјална e-маил адреса support@scs-consalting.com и ние ќе се потрудиме да излеземе во пресрет и да ги задоволиме Вашите потреби.
Реализирани обуки
Одржана обука на тема:”Спроведување на функционална анализа во јавниот сектор”, на 19.03.2019 година, во хотел “Континентал” Скопје
Одржана обука на тема:”Спроведување на функционална анализа и процесот на оценување како алатки за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор”, во периодот од 01 до 03 февруари 2019 година, во хотел “Милениум Палас” -Охрид.
Одржана обука на тема:”Насоки и препораки за практична употреба на Електронскиот систем за управување со човечки ресурси” на 22.03.2019 година во хотел “Континентал” Скопје.
Одржана обука на тема:”Спроведување на функционална анализа и процесот на оценување како алатки за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор”, во периодот од 01 до 03 февруари 2019 година, во хотел “Милениум Палас” -Охрид.
Во периодот од 13 до 15 декември 2019 година во хотел “Милениум Палас”- Охрид, успешно се одржа тридневна практична обука организирана од страна на Смарт Консалтинг Солушнс.
07.11.2019 – Еднодневна обука за постапките за селекција и мобилност согласно нацрт измените од законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници.
Еднодневна практична обука 06.09.2019 на тема:Подготовка на годишни планови за вработување во јавен сектор.
Еднодневна практична обука на 23.09.2019 на тема: Годишни планови за вработување во јавен сектор.