Што е In- house обука ?
In-house learning претставува еден од најефикасните методи на внатрешна организациска едукација кој e насочен кон задоволување на потребите на вработените од нивно континуирано усовршување и подобрување на нивните знаења и перформанси ! Овој метод на обука има практична примена во институции и компании кои се грижат за своите вработени, а специјалистичките знаења и искуства ги добиваат од искусни и докажани професионалци во областа.
Кои се предностите ?
1. Нема ограничување на бројот на слушатели
Сите вработени кои се директно или индиректно поврзани со извршување на работи и работни задачи од областа на човечки ресурси, можат да бидат дел од овој вид на обуки.
2. Обуките се одржуваат во Вашите деловни простории
Комфорноста на работната средина, колегите со кои работите и средствата кои ги употребувате при работењето ќе Ви бидат континуирано достапни и на располагање за да ја зголемите продуктивноста и резултатите од обуката.
3. Нема транспортни, трошоци за сместување ниту пак поединечна котизација за слушателите
За разлика од класичните обуки или советувања, со оваа обука немате никакви транспортни трошоци, трошоци за сместување, ниту пак поединечна котизација за слушателите. Ова ја прави исклучително ефикасна оваа обука од аспект на односот помеѓу цената и придобивките од истата.
4. Непосреден контакт и можност за непосредна интеракција
Непосреден контакт и можност за непосредна интеракција со предавачот (обучувачот) за сите Ваши прашања и комантари.
5. Решавање на практичните проблеми со кои се соочувате
Исклучителна можност во рамките на Вашата компанија/институција да ги посочите сите практични проблеми со кои се соочувате, како и да добиете стручно мислење и совет за што е можно поефикасно надминување на истите.
Кои теми ги опфаќаме ?
- In-house обука за спроведување на функционална аналза во јавен сектор.
- In-house обука за практично совладување на закон за работни односи.
- In-house обука за практично совладување на закон за вработени во јавен сектор и закон за административни службеници
- In-house обука за внатрешна организација и систематизација на работни места во јавен сектор.
Видови обуки ?
- КРАТКА ОБУКА
- ЕДНОДНЕВНА ОБУКА
- ДВОДНЕВНА ОБУКА
Времетраење од 2 работни сесии по 45 минути !
Времетраење од 5 работни сесии по 45 минути !
Времетраење од 8 работни сесии по 45 минути !
Детална понуда
Напомена:
Обуката ќе се спроведе на принципот In house learning, односно во време и датум утврден од Ваша страна. Агендата на обуката може да биде прилагодена на потребите на слушателите, но во рамките на определените теми.