Успешно реализирани обуки наменети за вработените од Јавниот сектор

Тродневна обука

Во периодот од 01 - 03 февруари 2019 година во хотел “Милениум Палас”- Охрид, успешно се одржа тродневна обука на тема: “Спроведување на функционална анализа и процесот на оценување како алатки за зајакнување на капацитетите во јавниот сектор”, организирана од страна на Смарт Консалтинг Солушнс.

Еднодневна обука

На 19.12.2018 година во хотел “Континентал”- Скопје, успешно се одржа еднодневна обука на тема: “Спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор”. Учество земаа вработените од јавниот сектор, односно засегнатите лица во оваа проблематика, од повеќе институции ширум Република Македонија.