Тридневна работилница за јавни набавки во Хотел Сириус Струмица

Тридневна работилница за јавни набавки во Хотел Сириус Струмица

Тридневна работилница за јавни набавки во Хотел Сириус Струмица

Почитувани,
со особено задоволство би сакале да Ве поканиме на тридневна практична работилница на
тема „Спроведување на јавни набавки со изменети улоги“, која ќе се одржи од 31
Мај до 02 Јуни во Хотел Сириус Струмица
.

За повеќе детали во врска до работилницата, погледајте ПОКАНА.

Нашиот концепт на обука е целосно прилагоден на потребите на сите лица
инволвирани во системот за јавни набавки, а методолошкиот пристап на овој
концепт обезбедува целосна инклузивност на учесниците, како и овозможува да се
разберат предизвиците со кои се соочуваат сите лица инволвирани во процесот на
јавните набавки. Со цел да се постигне највисок квалитет во спроведувањето на
работилницата, организаторот го ограничи бројот на пријавени лица на максимум 30
лица (15 од договорни органи и 15 од економски оператори).


ДЕТАЛНА АГЕНДА


За учесниците пријавени до 30 април, предвиден е попуст на котизацијата за
учество. Котизацијата за работилницата изнесува 8.500,00 денари без ДДВ, а за
пријавите испратени до 30 април, цената за котизација со попуст изнесува 7.900,00
денари без ДДВ. Котизацијата вклучува: учество во работните сесии на тридневната
работилница, користење на конференциска сала, кафе-паузи, сертификат за
учество и работен материјал од работилницата.

Пријавувањето го правите со пополнување на пријавен лист и испраќање на истиот
на: dimitrievska@scs-consalting.com . Рокот за пријавување е заклучно со 20.05.2023г.
*Напомена: Доколку претходно резервираното учество на обуката се откаже во рок
пократок од 3 дена од денот на одржувањето на обуката, пријавеното лице плаќа
50% од износот на котизацијата.

Повеќе инфо на 071 / 916 – 732 .

Ненад Николовски

Leave a Reply