Покана за еднодневна обука на тема: “Спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор”
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на оваа еднодневна обука на тема: “Спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор”, која ќе се одржи на 19-ти декември 2018 година, во хотел ”Континентал” – Скопје, со почеток од 10.00 часот. На обуката ќе се дадат одговори на клучни прашања, и ќе се разработат конкретни насоки и можности, кои би Ви овозможиле квалитетно спроведување на функционална анализа во Вашата организација.
Кој е главниот фокус на планираната обука?
Фокусот е насочен кон развивање на дискусија за да се дефинираат и надминат проблемите со кои што сте соочени Вие, како засегната страна во процесот на спроведување на функционалната анализа.
За кого е наменета планираната обука?
Оваа обука е наменета за сите заинтересирани во оваа проблематика, вработени од јавниот сектор, односно засегнати лица од институциите од јавниот сектор.
Која е крајната цел на планираната обука?
Оваа обука има за цел, да предложи насоки и препораки кои би воделе кон подобра организираност и унапредување на работата во Вашата институција.
Датум: 19 декември / Време: 10.00 часот / Локација: Хотел ”Континентал”
Сите детални информации во врска со обуката можете да ги погледнете на официјалната покана и агенда.
Пријавата за учество на обуката можете да ја направите по електронски пат со пополнување на пријавниот лист и враќање на истиот e-mail: scs.consalting@gmail.com , најдоцна до 14.12.2018 година ( петок ).
⤍ Покана и агенда
⤍ Пријавен лист
За сите дополнителни информации, обратете се на:
+389 (0) 71 / 916- 732 или scs.consalting@gmail.com
Leave a Reply