Blog

Покана за обука на тема: “Спроведување на функционална анализа и процесот на оценување како алатки за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор”

По успешно реализираната прва обука и препознаена потреба за ваков вид на стручно усовршување кај вработените во јавниот сектор, Сцс-Скопје организира втора, тродневна обука на тема:

“Спроведување на функционална анализа и процесот на оценување како алатки за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор”




? 01-03 февруари 2019 година
 Хотел “Милениум Палас” 4* – Охрид Р.М

Погледнете ја официјалната агенда ⟹ https://bit.ly/2ADoWqi
Превземете пријавен лист ⟹ https://bit.ly/2LZGGAF
( Пријавувањето го правите со пополнување на пријавен лист и враќање на иститот на нашата електронска пошта: scs.consalting@gmail.com, најдоцна до 24.01.2019 година. )

Ве охрабруваме да го пријавите Вашето учество.

Контакт:
Дејан Плачковски
? 71/ 308-498 71/ 916-732
? plackovski@scs-consalting.com

Нов изглед на online системот за јавни набавки

Во новата 2019 година, Ви ги претставуваме новите функционалности и новиот изглед на online системот за јавни набавки.

Кои функционалности Ви ги овозможува системот?

⇨  Лесно достапни податоци од правна заштита;

⇨  Податоци презетирани во визуелни прикази;

⇨  Можност за лесно и брзо пребарување на податоци;

⇨  Можност за редуцирање и додавање податоци;

⇨  Можност за превземање на податоците во  PDF/ Еxcel / CSV документ.

Заштедете време и ресурси и бидете сигурни во вашето постапување при процесот на Јавни набавки
како Економски оператор или Договорен орган.

Погледнете ја видео презентацијата и запознајте се со нашиот систем.

 

Успешно реализирана обука наменета за вработените од Јавниот сектор ‼️

На 19.12.2018 година во хотел “Континентал”- Скопје, успешно се одржа еднодневна обука на тема: “Спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор”, организирана од страна на Смарт Консалтинг Солушнс. Учество земаа вработените од јавниот сектор, односно засегнатите лица во оваа проблематика, од повеќе институции ширум Република Македонија.

На обуката детално се обработија чекорите кои ги предвидува Методологијата за спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, кој наметнува обврска за подготвување акти за внатрешна организација и систематизација врз основа на препораките произлезени од спорведената функционална анализа.



Фокусот беше насочен кон развивање на дискусија преку која учесниците ги дефинираа проблемите со кои што се соочуваат во процесот спроведување на функционалната анализа. Со заеднички труд и размена на искуства се предложија конкретни насоки и препораки кои би воделе кон подобра организираност и унапредување на работата во Јавните институции.

Се надеваме на уште многу успешно реализирани обуки, бидејќи нашата цел е секогаш да излеземе во пресрет  на потребите и да помогнеме во стручно усовршување и дообразување на работната сила во Република Македонија.

Благодарност до сите присутни учесници и на укажаната доверба.