Blog

Успешно реализиран семинар за Јавни набавки ‼️

Огромно задоволство ни претставува што тимот на Сцс – Скопје зема учество на дводневниот семинар за јавни набавки на тема: “НОВИНИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, КАКО И КОГА ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ“

Настанот се одржа во периодот од 14ти до 16ти декември 2018 година, во хотел “Епинал” – Битола, во организација на нашите пријатели Асоцијацијата на професионалци во јавните набавки АПЈН, подржано од Смарт Консалтинг Солушнс- Скопје.



На семинарот земаа учество претставници од договорни органи и економски оператори, лица на управувачки и раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата
единица за јавни набавки. Низ различните теми кои беа опфатени на семинарот се дадоа значајни одговори на многу прашања поврзани со управувањето на јавните набавки и се направи паралела на постојното законско решение наспроти предлог- новиот закон за јавните набавки. Фокусот беше поставен на Предлог-законот, односно какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката.

На семинарот беше претставен и новиот пристап на консалтинг услугите во областа на јавните набавки – online consulting system-от за јавни набавки изработен од СЦС Скопје. Се даде детално објаснување на функционалностите кои нашата веб платформа и веб алатки ги нудат, како и значењето и битноста на жалбите по јавни набавки во новиот консалтинг пристап.

Благодарност до сите присутни слушатели и се надеваме на уште многу успешно реализирани семинари.



 

Покана за еднодневна обука на тема: “Спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор”

Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на оваа еднодневна обука на тема: “Спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор”, која ќе се одржи на 19-ти декември 2018 година, во хотел ”Континентал” – Скопје, со почеток од 10.00 часот. На обуката ќе се дадат одговори на клучни прашања, и ќе се разработат конкретни насоки и можности, кои би Ви овозможиле квалитетно спроведување на функционална анализа во Вашата организација.



Кој е главниот фокус на планираната обука?

Фокусот е насочен кон развивање на дискусија за да се дефинираат и надминат проблемите со кои што сте соочени Вие, како засегната страна во процесот на спроведување на функционалната анализа.

За кого е наменета планираната обука?

Оваа обука е наменета за сите заинтересирани во оваа проблематика, вработени од јавниот сектор, односно засегнати лица од институциите од јавниот сектор.

Која е крајната цел на планираната обука?

Оваа обука има за цел, да предложи насоки и препораки кои би воделе кон подобра организираност и унапредување на работата во Вашата институција.

Датум: 19 декември / Време: 10.00 часот / Локација: Хотел ”Континентал”

Сите детални информации во врска со обуката можете да ги погледнете на официјалната покана и агенда.
Пријавата за учество на обуката можете да ја направите по електронски пат со пополнување на пријавниот лист и враќање на истиот e-mail: scs.consalting@gmail.com , најдоцна до 14.12.2018 година ( петок ).

⤍ Покана и агенда
⤍ Пријавен лист

За сите дополнителни информации, обратете се на:
+389 (0) 71 / 916- 732 или scs.consalting@gmail.com

Online тест за јавни набавки!


Дознајте дали сте професионалец во областа ?

? Предизвик за професионалците во јавните набавки!
 




Смарт Консалтинг Солушнс- Скопје
,
Ви овозможува на брз и едноставен начин да го проверите Вашето знаење по однос на правната заштита во процесот на јавни набавки целосно бесплатно !

[typeform_embed type=”embed” url=”https://scs2018.typeform.com/to/eB5Sr5″]


Тестирањето може да биде и забавно.
Препратете го квизот на Вашите соработници и споделувајте го Вашето знаење !

 

Искористете го Промо пакетот во областа на човечките ресурси.

Сакате да дознаете дали Вашите вработени се гледаат себеси како дел од големата сложувалка на компанијата?

? Предизвик Ви е да создадете позитивна работна средина со мотивирани и целосно посветени вработени?

Во овој промотивен период од 15 дена Ви нудиме можност:
➡️ Бесплатно да го тестирате нашиот прашалник и да го измерите задоволството од работата кај вашиот тим.

Регистрирајте се , и стартувајте го Вашиот промотивен пакет, најдоцна до 03.10.2018.

Промо услуги за јавни набавки – 15 дена ⏳ БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП до базите на податоци за жалби по јавни набавки

Сакате на располагање да имате детално обработени и лесно достапни бази на податоци кои ќе ги поддржат вашите дејствија и одлуки во процесот на јавните набавки?

Во овој промотивен период од 15 дена Ви нудиме можност:

Бесплатно да ја користите нашата база на податоци и да ги следите сите тековни отфрлени/одбиени и уважени жалби.

Регистрирајте се , и стартувајте го Вашиот промотивен пакет, најдоцна до 03.10.2018

Започнете со бесплатно користење на нашите услуги.

? Почитувани,

Под мотото „Смарт услуги за смарт компании“
Ви најавуваме промотивен ? период за користење на нашите услуги.

Во периодот од 04.10.2018 ⇾ до 18.10.2018 ќе имате можност подобро да се запознаете со дел од нашите онлајн решенија во областа на човечките ресурси и јавните набавки.

Погледнете ја нашата промотивна понуда:

➡️ Понуда за човечки ресурси
https://bit.ly/2Dwnr0N

➡️ Понуда за јавни набавки.
https://bit.ly/2zwo7iO

За да го стартувате Вашиот промотивен пакет,
регистрирајте се ТУКА ✍️https://bit.ly/2OSasrB

Со почит,
Вашиот смарт партнер Сцс консалтинг – Скопје

со почит
од тимот на СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

E-Каталог

Почитувани,

доколку сакате накратко да се запознаете со нашата понуда на услуги, на најбрз и наједноставин начен е преку нашиот Е-Каталог.

[pdf-embedder url=”https://usercontent.one/wp/www.scs-consalting.com/wp-content/uploads/2018/04/Е-Каталог-.pdf” title=”Е-Каталог”]